Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во саботата журка во неделата клуч на врата, пазарна ги најде газдите на „Мош“ и „Интермецо“ и им ја даде забраната

(Видео) Во саботата журка во неделата клуч на врата, пазарна ги најде газдите на „Мош“ и „Интермецо“ и им ја даде забраната

Двата клубови „Мош“ и „Интермецо“ се затворени. Пазарната инспекција во саботата ги нашла сопствениците на кои им врачила забрана за работа во времетраење од 10 дена. Изречена им е и казнена глоба.

dobivaj vesti na viber

Ова доаѓа откако минатата недела градоналникот на Центар, Горан Герасимовски објави дека жителите постојано се жалеле на гласна музика која доаѓала во доцните вечерни часови од овие два објекти.

Директорот на државен поазарен инспекторат Горан Трајковски, за „Макфакс“ вели дека двете решенија за забрана за работа на сопствениците им се врачени директно на рака.

„Доставени се директно на рака и истите се затворени“, вели тој.

Забраната за работа доставена во собатата почнува да важи еден ден подоцна односно од неделата. Во „Интермецо“ во саботата имало журка а настапувала пејачката Тамара Тодевска.

Претходно, неколку дена ДПИ не можеше да им го врачи решението на двата клубови иако за тоа постојат два начини, едниот преку пошта, другиот е инспектор да им го врачи на рака.

Можете да прочитате

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег