Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во ДУИ командант е Ахмети, ќе заврши кариерата на „Огнените“ – Ангелов за изјавите на Меџити

(Видео) Во ДУИ командант е Ахмети, ќе заврши кариерата на „Огнените“ – Ангелов за изјавите на Меџити

Појаснувајќи ја иницијативата на партијата Достоинство за обештетување на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди од конфликтот во 2001 година, лидерот на партијата и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов во интервју за „Макфакс“ вели дека кочницата за спроведување на иницијативата е во ДУИ.

dobivaj vesti na viber

Знаев, додава Ангелов, дека, додека не избоксуваме согласност од ДУИ, немаме ништо од тоа.

За реакциите од страна на огнената група на ДУИ и изјавите на Изет Меџити, Ангелов дециден: „Огнената група може да кажува што сака, во ДУИ командант е Али Ахмети. И на УЧК и на ДУИ. Огнените ќе скокаат и ќе излезат од ДУИ, со тоа нивната кариера ќе заврши“, оценува тој.

Во моментов, не гледа, како што вели, опасност за врвот на ДУИ од огнените. Тие, како што оценува, ја злоупотребуваат темата.

„Изет Меџити колку време беше на висока позиција во ДУИ? Што чекал Меџити, зошто 22 години не им помогнал на ветераните од УЧК? Чекал 22 години и сега кога има политички несогласувања ја злоупотребува темата да поентира кај дел од Албанците“.

Дополнува дека многу ветерани од УЧК се вработени во државните институции, како на пример во полиција, АРМ и слично.

Најголем дел, според него, се згрижени од државата за разлика од бранителите кои се оставени на улица, на маргините на општетството.

Реакцијата на Меџити, според Ангелов е само евтин популизам за политички поени, и не му предвидува успешна политичка кариера.

Поопширно со директорот на ЦУК и лидер на Достоинство, Стојанче Ангелов, во интервјуто за „Макфакс“.

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете