Утрински Весник
Македонија

(Видео)Внимание: Замрзнувањето на цените на школскиот прибор се шеги за мали деца

Malo Vnimanie 1024x645 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Запрашани што мислат за замрзнувањето на цените на моливите, фломастерите и школскиот прибор, за „Трн.мк“ одговараат дека тоа се шеги за мали деца.

Дел од испитаниците иронично одговараат дека боици и моливите се најпотребни, но и забележуваат на тоа што граѓаните ги замрзнува цените на школскиот прибор, а не на храната, која е многу попотребна за сите, па и за децата.

„Владата треба да се фокусира на тоа што пишува во учебниците и децата да добијат квалитетно образование“ вели една испитаничка на анкетата.

Порталот „Трн.мк“ денес објави дел од анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, која се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“. 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа

Нов обид на судиите и обвинителите преку Уставен да си обезбедат повисоки плати

Кривична пријава за злоупотреба на средства во КК Куманово 2009