Утрински Весник
Македонија

(Видео) Вмровските пратеници ќе можат само да го разгледаат договорот за автопатиштата, СДСМ бараат да се одлучат кога и каде

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против секој стратешки проект, намерно лаже за Договорот со Бехтел

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ бараше да се разгледува Договорот за коридорите, самите да одлучат на која комисија, кога и каде сакаат да се разгледува, да донесат одлука како да се движи во Собранието и тоа да го направат што поскоро, рече денеска во одговор на новинарско прашање координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

dobivaj vesti na viber

-Ако го анализирате вчерашниот ден, кога главна тема беше каде ќе се разгледува Договорот за коридорите првата шпекулација од ВМРО-ДПМНЕ беше дека наводно мнозинството бара начин како Договорот воопшто да не се разгледува. На тоа одговоривме и како став беше прифатен на координација кај претседателот на Собранието ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи бараше да се разгледува Договорот за коридорите, самите да одлучат на која комисија, кога и каде сакаат да се разгледува, да донесат одлука како да се движи во Собранието и тоа да го направат што поскоро. Кога видоа дека немаат одговор а целта очигледно им е да продолжат со шпекулации, почнаа со нови измислици и шпекулации дека договорот треба да биде даден на разгледување неколку дена. Иако точно знаат дека согласно законските одредби за класифицирани информации и Уредбата на Влада донесена 2004 година за ваков тип договори тоа не е можно на тој начин затоа што има пропишано начин. Затоа уште еднаш апелирам ВМРО-ДПМНЕ да кажат на која комисија и каде сакаат да се разгледува Договорот и тоа да биде побрзо. Само на тој начин ќе ги прекинеме сите шпекулации поврзани со најголемиот инфраструктурен проект од независноста до денеска. ВМРО-ДПМНЕ само се служи со лаги и само да го одолговлекуваат овој национален проект, рече Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Можете да прочитате

Државата му исплати 50.000 евра на Ален Зекиров за 27 април

Земјотрес ја стресе Македонија – 24info.mk

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството