Утрински Весник
Македонија

(Видео) Владина делегација положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев

(Видео) Владина делегација положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев

Владина делегација составена од Филип Николоски заменик министер за финансии, Роберт Алаѓозовски национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Беким Реџепи заменик-министер за транспорт и врски, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје по повод одбележувањето на „23-ти Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“.

dobivaj vesti na viber

„Република Северна Македонија денеска го чествува „23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба“ во знак на сеќавање на денот кога во 1893 година беше основана Македонската револуционерна организација која ја понесе борбата за остварување на вековниот идеал на македонскиот народ, за создавање на сопствена држава – држава на слобода, правда, еднаквост, независност“, велат од Владата.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм