Утрински Весник
Економија

(Видео) Влада: Во рамки на „Отворен Балкан“ од утре почнува Меѓународниот саем за вино, храна и туризам во Белград

(Видео) Влада: Во рамки на „Отворен Балкан“ од утре почнува Меѓународниот саем за вино, храна и туризам во Белград

Портпаролите го најавија Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржи во Белград, од утре, 1-ви септември до недела, 4 септември, кој е дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и е под покровителство на владите на Северна Македонија, Србија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.

dobivaj vesti na viber

Учеството на Северна Македонија на настанот за нашата економија значи обезбедување поголем извоз, откуп и нови пласмани и пазари за македонските храна и вина. Истовремено ќе се промовираат туристичките капацитети на земјава и ќе се привлечат нови туристи од регионот и пошироко.

Северна Македонија ќе биде претставена преку 42 винарии и 3 дестилерии , како и 10-тина производители на храна со понуда за дегустација на автентичната македонска кујна.

Дополнително, Северна Македонија ќе биде претставена и на „Македонска вечер“ под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски, на која ќе бидат промовирана македонската економија преку презентација на вина, храна, музика и туризам.

Во политичкиот дел ќе се одржи традиционалниот Самит на лидерите од трите држави на иницијативата „Отворен Балкан“, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама, како и панел дискусии.

Ќе биде потпишан Договорот за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан. Од областа на културата, ќе биде потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности во Западен Балкан, како и Оперативен план во областа на цивилната заштита.

За сите три документи кои беа на вчерашната владина седница беа усвоени извештаи за завршени преговори и утврдени текст-документи кои ќе бидат финиширани за време на посетата на делегација на Владата на Република Северна Македонија во Белград.

Можете да прочитате

СДСМ: Македонската економија тоне, Мицкоски фантазира за четврта економија во Европа

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

УЈП на средба со стопанствениците од Прилеп и со субјектите кои закупиле штандови за манифестацијата „ ПИВО-ФЕСТ 2025“