Утрински Весник
Македонија

(Видео) Видео бим падна врз модераторка на Преспа форумот: таа вресна од страв, политичари во публика за време на незгодата

(Видео) Видео бим падна врз модераторка на Преспа форумот: таа вресна од страв, политичари во публика за време на незгодата

Дел од видео бим падна врз модераторка на Преспа форумот кој се одржува во Струга. Незгодата се случи додека говорече Мирослав Јенча, помошник генерален секретар на ОН за Европа. Модераторката во моментот кога масивниот бим паѓа врз неа, почнува на вреска, на што реагираат сите присутни, меѓу кои и министри.

dobivaj vesti na viber

На помош веднаш истрчаа лица од публиката, но и лицата задолжени за обезбедување на политичарите. Сведоци на незгодата беа премиерот Димитар Ковачевски, министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојческа, вицепремиерот Артан Груби, лидерот на ДУИ Али Ахмети, но и низа амбасадори и странски политичари.

Модераторката не беше повредена.

„Јас сум добро. Во ред сум. Се е во ред. Сигурна сум дека сум добро“, вели модераторката откако паднатиот бим беше кренат од присутните.

Неколку минути по незгодата, видео бимот го држеа лицата кои помогнаа тој да биде кренат по падот. Потоа, работата ја преземаа организаторите. Панелот беше паузиран.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег