Утрински Весник
Македонија

(Видео) Велјановски: Коалицијата СДС, Левицата и ГРОМ го изгласаа ДУП-от за Злокуќани, со кој се предвидуваат нови 8 згради

(Видео) Велјановски: Коалицијата СДС, Левицата и ГРОМ го изгласаа ДУП-от за Злокуќани, со кој се предвидуваат нови 8 згради

На денешната седница на Советот на Општина Карпош и официјално беше промовирана коалицијата помеѓу советничките групи на СДС, Левицата и ГРОМ. На граѓаните на Карпош им ја честитаме оваа коалиција, но и им упатуваме порака дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ нема да отстапи од принципиелната борба за хуман урбан развој на општина Карпош, изјави Роберт Велјановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ‘Обнова на Македонија’ не го поддржаа предлог ДУП-от ССЗ 01 блок 10 за Злокуќани од причина што не само што не се решаваат проблемите на жителите на Злокуќани, туку, напротив, проблемите се зголемуваат. Имено, се задоволуваат потреби на поединци и на бизнис-заедницата, но не се обрнува внимание на оние жители што чекаат легализација со години и на кои не им се решава статусот. Во предложениот ДУП се вцртани 8 згради за А2 домување, но притоа не се предвидуваат јавни објекти – училиште и градинка за најмалите граѓани, кои сега живеат на овој потег, а одат во градинка и на училиште во Бардовци или во Влае, но и за оние што допрва треба да живеат по изградбата на овие објекти“, рече Велјановски.

Тој обвини дека во Општина Карпош се мисли само како да се изградат згради, а градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ граделе градинки и училишта, бришеле маркички во интерес на хуманото живеење во нивните општини.

„За време на изборната кампања ветувавме дека ќе им ги решаваме проблемите на граѓаните, а не дека ќе им создаваме нови проблеми. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ‘Обнова на Македонија’ нема да поддржат нехумана урбана бетонизација на општина Карпош, бетонизација што не е поткрепена со соодветна инфраструктура“, заклучи тој.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски