Утрински Весник
Македонија

(Видео) Васко Тодоров: Факт е дека Пендаровски е единствениот што се сети да даде државно признание на К-15

1708602699 pendarovski.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Познатата личност Васко Тодоров, која повеќе од две децении го глумеше Тошо Малерот во телевизиското шоу „К-15“, во видео на социјалните мрежи изјави дека актуелниот претседател Стево Пендаровски е единствениот кој одлучил да даде државно признание за оваа емисија.

„К-15 е најоригиналниот концепт и најгледна емисија во телевизиската историја на Македонија. Тоа е факт. А Стево Пендаровски е единствениот човек којшто се сетил да ни даде официјално државно признание за К-15. И тоа е исто факт“ рече Тодоров.

Јавна поддршка за втор мандат за претседателот Стево Пендаровски преку социјалните мрежи започнаа да даваат голем број на граѓани, активисти, писатели.

Вчера јавна поддршка дадоа архитектот и политиколог Тони Поповски, кој порача дека Пендаровски е умерен политичар кој обезбедува смирувачко присуство во политичкиот простор и има капацитет да посредува помеѓу лутите партиски ривали. Бизнисменот и писател, Зоран Спасов-Ѕоф напиша дека Пендаровски е единствениот урбан лик во било која политичка гарнитура до сега и кажа дека му се допаѓа што Пендаровски не се потчинува на власта и се грижи за спортот и културата.

Можете да прочитате

Во краток рок три незгоди на Тетово–Гостивар, сообраќајот забавен

Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете

Има загинати во возилото што падна во Радика