Утрински Весник
Спорт

(Видео) Варан и ВАР го спасија Јунајтед – Вулверхемптон требаше да добие пенал

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Судиите и ВАР му помогнаа на Манчестер јунајтед да го добие првиот натпревар во новата сезона, во Премиер лигата.

dobivaj vesti na viber

Манчестер јунајтед, во првото коло го совлада Вулверхемптон (1:0), со голот на Рафаел Варан и со голема помош на судиите. Во судиското надополнување беше забележана контроверзна ситуација кога не беше досуден пенал за гостите. Голманот на домашната екипа Андре Онана излета, ја промаши топката, се судри со Сеад Калајџиќ и судиите не досудија ништо.

Тренерот на „волците“ Гери О’Нил жестоко протестираше, побара од главниот судија Стив Хупер барем да ја погледне ситуацијата на ВАР мониторот, но тоа не се случи. Наместо тоа доби жолт картон.

Сите беа шокирани токму поради тоа што никој од ВАР собата не му сугерираше на главниот судија, уште еднаш да ја погледне спорната ситуација.

По натпреварот, О’Нил на прес-конференцијата призна дека веднаш му се јавил Џон Мос, член на Здружението на судии од Премиер лигата (ПГМОЛ).

„Разговарав со Џон Мос. Тој ни се извини и рече дека тоа е очигледен пенал и дека требало да биде досуден. Не можеше да поверува дека судијата на теренот не го досуди и дека ВАР не реагираше, тој призна дека тоа е очигледна грешка. Поради тоа се чувствувам уште полошо. Знаев дека сум во право, а не добивме ништо“, изјави Гери О’Нил.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига