Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса денеска пристигна во Украина како дел од африканската мировна мисија, објави Јужноафриканското претседателство на Твитер. Се очекува Рамафоза денеска да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа во сабота да отпатува за Русија на разговори со претседателот Владимир Путин.
[ARRIVAL]: His Excellency President @CyrilRamaphosa has arrived at Nemishaeve Railway Station in Ukraine and is received by Ukraine’s Special Envoy for Africa & the Middle East Ambassador Maksym Subhk and South African Ambassador to Ukraine Mr Andre Groenewald.… pic.twitter.com/Jk8V8n2v9O
— Presidency | South Africa 🇿🇦 (@PresidencyZA) June 16, 2023
Јужноафриканското претседателство објави видео од пристигнувањето на Рамафоса по патувањето низ Полска. Заедно со претседателот на Сенегал, Меки Сал, Рамафоса ја предводи делегацијата во која се лидерите на Замбија, Коморите и египетскиот премиер.
Според нацрт-документот што го видел „Ројтерс“, африканската мировна мисија најверојатно ќе предложи серија „мерки за градење доверба“. Во документот се наведува дека целта на мисијата е „да ја промовира важноста на мирот и да ги охрабри страните да се согласат со процесот на дипломатски преговори“.
Тие мерки би можеле да вклучуваат повлекување на руските војници, отстранување на тактичкото нуклеарно оружје од Белорусија, суспендирање на налогот за апсење на Путин на Меѓународниот кривичен суд и олеснување на санкциите.