Протекоа грозоморните пораки на убиецот од Белград пред масакрот, најавувајќи крвав пир. Неговите пораки со кои го најавува масакрот се појавија на социјалните мрежи.
@cvv.balkan Žalosno💔 #kostakecmanovic #srbija #fyp #fy #viral ♬ original sound – 🦎quattro🦎
„Зошто што се случи? Да не беше поради Игор, тој не знаеше дека толку ќе се изнервираш“, му напишал некој.
„Имам подарок за него, утре го носам на училиште, мислам дека ќе се израдува кога ќе го види“, напишал, на што неговиот пријател го прашал што е тоа, а тој испратил фотографија од пиштол.
Утрово учениците од Третата белградска гимназија, но и граѓани носат цвеќе и палат свеќи за загинатите во вчерашниот масакр.
Осум деца и еден чувар биле убиени во средата наутро во вооружен напад на четиринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Шест ученици и еден наставник биле повредени, а напаѓачот уапсен. Тројца од четворицата ранети во Ургентниот центар во Белград се сосема добро, будни се и докторите разговараат со нив. Станува збор за двајца ученици и наставничка, изјавил директорот на универзитетскиот Клинички центар Србија, професор доктор Милика Ашанин.
Тринаесетгодишното момче К.К. влегло во училиштето со два пиштоли и четири молотови коктели. Имал список за ликвидација на деца, како и план како тоа да го направи. Резултатот од неговата крвава гозба е девет убиени и седум ранети.