Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Уставните измени без протести пред Собранието, за ДУИ е потврда дека граѓаните поддржуваат вметнување на Бугарите

(Видео) Уставните измени без протести пред Собранието, за ДУИ е потврда дека граѓаните поддржуваат вметнување на Бугарите
Img 7972

Тоа што нема протести пред Собранието, за ДУИ е потврда дека граѓаните даваат поддршка на процесот за уставни измени. Пратеникот од оваа партија, Арбер Адеми, посочи дека ова е показател дека граѓаните не сакаат конфликти туку мир. Според него, денеска паѓаат маските и пратениците ќе го покажат вистинското лице.

dobivaj vesti na viber

„Да погледнеме како изгледа булеварот ‘11 октомври’, пред Собранието, каде што сме ние. Денешната слика пред булеварот е показател дека граѓаните се за европска иднина. Денешната слика се потврда дека граѓаните не сакаат поделби туку сплотување за ЕУ. Граѓаните не сакаат конфликти туку сакаат мир. Дека не сакаат да бидат со Русија и истокот туку со Америка и Европа. И таа слика покажува и докажува дека граѓаните се за ЕУ, подобар животен стандард, за интеграција, а не за изолација, непредвидливост. Сликата на булеварот е најголем пораз на илозациските сили кои ја тероризираат јавноста со непостоечки и измислени стравови. Стравови од Албанци, Срби, Грци, Бугари. Граѓаните си седат спокојно дома за да ја донесеме последната и најважна одлука за државата“, кажа Адеми.

Според него, во Собранието се решава второ најголемо прашање по зачленувањето на Македонија во НАТО.

„Убеден сум дека секој од вас посакува добро на државата“, додаде тој.

Предлогот за уставни измени е израз на дипломатска работа и компромис, според Адеми. Го нарече и билет во еден правец за во ЕУ.

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места