Утрински Весник
Македонија

(Видео) Успешно спасени двајца вработени на А1 кај Лазарополе

Screenshot 2026 01 11 103659.png

Вчера (10.01.) во 23:30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека двајца вработени во мобилниот оператор А1, кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, биле заглавени во снег. Со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа.

Веднаш по пријавата, случајот бил проследен до ПО Ростуше, по што биле ангажирани припадници на Оддел за специјални полициски операции и Одделот за униформирана полиција при МВР како и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување. Со две теренски возила, опремени со санки за снег и соодветна спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.

Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok” со скопски регистерски ознаки.

Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник”, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе.

Можете да прочитате

Само вчера регистрирани два нови случаи на семејно насилство во Скопје

Владата одвои 60 милиони денари за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

МНР: 632 македонски државјани побарале евакуација од Блискиот Исток