Утрински Весник
Македонија

(Видео) Урната дивоградба во Бутел, Костовски вели нема да дозволи узурпација во општината

(Видео) Урната дивоградба во Бутел, Костовски вели нема да дозволи узурпација во општината

Денес во утринските часови беше отстранен бесправно изграден објект на државна парцела во близина на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, објави градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот порача дека додека тој раководи со општината нема да има бесправно изградени објекти и узурпација во Бутел.

„Без разлика кој од каде доаѓа, без разлика кој на која позиција се наоѓа, без разлика дали некој ми е роднина, пријател, другар или комшија законите мора да важат за сите исто. Никој нема право да зема моќ и да мисли дека е над законот“, вели Костовски.

Додаде дека ако во минатото ова било секојдневие, денес имаме поставено ред во урбанизмот и за урбаната мафија нема место во општината.

Можете да прочитате

КОД открива: Фарма во Трубарево добила лиценца за отпад – зад неа стоеле „Нула отпад“ и „Ф-Групација“

Расипан клучниот радар во МНАВ, контролорите не ги гледаат авионите при слетување

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце