Џулија Робертс заработи неверојатни 14 милиони долари за петминутно појавување во филмот „Денот на вљубените“ во 2010 година.
Робертс заедно со Бредли Купер се појави во една од најнезаборавните сцени во модерната историја на романтичните комедии, а за својата улога заработила фасцинантни 2,8 милиони долари по минута поминати на екранот или 12 илјади долари од изговорен збор.
Познатата актерка за улогата на капетанот Кејт Хејзелтин однапред добила 3 милиони долари, а останатите 11 ги заработила затоа што потпишала договор со студиото „Њу лајн синема“ што ѝ овозможило да добие три отсто од вкупната заработка на филмот.
И покрај добрата заработка на киноблагајните, филмот не доби најповолни рецензии. Така, на „Ротен томатос“ има 18 отсто позитивни рецензии од критичарите и 47 отсто позитивни оценки од публиката.
„Во низа поврзани приказни, неколку жители на Лос Анџелес поминуваат низ љубовните подеми и падови во текот на еден ден. Како што напредуваат празниците, тие доживуваат прва романса, младешки занес и врска со стари љубовници,“ стои во синопсисот на филмот, во кој глумат и Џесика Алба, Кети Бејтс, Џесика Бил, Бредли Купер, Џејми Фокс, Џенифер Гарнер, Ен Хатавеј и Ештон Качер.