Утрински Весник
Свет

(Видео) Украинците во Бахмут првпат ја искористија американската „паметна бомба“

(Видео) Украинците во Бахмут првпат ја искористија американската „паметна бомба“

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како украинските војници користат американски таканаречени „паметни бомби“, што е првата снимена употреба на ова моќно оружје.

dobivaj vesti na viber

Според белоруската новинска агенција Nexta, се верува дека снимката е од јануари оваа година, пишува Index.hr.

Инаку, на самиот крај на минатата година, САД решија да го испорачаат ова оружје во Украина. Станува збор за  JDAM (Joint Direct Attack Munition) кои ги претвораат „немите“ гравитациски бомби во прецизни проектили водени од системот ГПС.

Во зависност од висината и брзината на авионот од кој лета, JDAM има домет до 28 километри.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници