Утрински Весник
Свет

(Видео) Украина објави ново видео: „Пловечкиот дрон сепак удри во руски брод“

(Видео) Украина објави ново видео: „Пловечкиот дрон сепак удри во руски брод“
Dik 300x250 mk

Министерството за одбрана на Русија во средата објави дека три украински беспилотни бродови неуспешно го нападнале рускиот воен брод Иван Хурс во близина на Босфор рано изутрина во Црното Море.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението објавено на комуникациската платформа „Телеграм“, Министерството наведува дека бродот ги штити гасоводите „Турски тек“ и „Син поток“, кои транспортираат гас, делумно преку Црното Море, од Русија до Турција. Тие додадоа дека бродот „продолжува да ги извршува своите задачи“.

Најавата најверојатно ќе ги подигне тензиите во Црното Море, каде Русија минатата недела се согласи да го продолжи договорот со кој и се овозможува на Украина безбедно да извезува жито од нејзините пристаништа.

Украинците денеска објавија ново видео. Антон Герашченко, советник во украинскиот МУП, вели дека третиот дрон навистина удрил во рускиот воен брод.

„Вчера објавив објава за бродот на руската Црноморска флота Иван Хурс кој беше нападнат од беспилотни пловила.

Русија тврдеше дека „бродот продолжува да ги извршува своите функции“ без да ја спомене неговата состојба. Се чини дека третиот дрон успеа да го оштети бродот“, пишува Герашченко, кој го објави видеото.

Можете да прочитате

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген