Утрински Весник
Свет

(Видео) Украина: Маж во Русија запали канцеларија за регрутација

(Видео) Украина: Маж во Русија запали канцеларија за регрутација
Dik 300x250 mk

Рускиот претседател, Владимир Путин најави делумна мобилизација на 21 септември, а министерот за одбрана Сергеј Шојгу најави дека 300.000 мажи ќе бидат испратени во војна. Но, наводно тој број би можел да биде многу поголем, до милион луѓе.

dobivaj vesti na viber

На повеќе места низ Русија имаше немири поради најавената мобилизација.

Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина, објави видео за кое вели дека е снимено во Волгоград.

„Центрите за мобилизација во Русија горат. 35-годишен маж почна да фрла молотови коктели кон канцеларијата за регрутирање“, пишува Герашченко.

Имено, како што се претпоставува, најголем дел од документите за регрутите во Русија се’ уште се на хартија.

Можете да прочитате

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…