Утрински Весник
Свет

(Видео) Украина доби најмодерно оружје, кое германската војска се уште го нема

(Видео) Украина доби најмодерно оружје, кое германската војска се уште го нема

Германија ѝ испорача на Украина најмодерен противвоздушен ракетен систем – кој германската армија – Бундесверот сè уште го нема.

dobivaj vesti na viber

IRIS-T SLM е произведен во Германија и е наменет за заштита на помалите градови и војската. Од вторникот, Украина поседува еден од најмодерните системи за воздушна одбрана во светот. Ракетниот систем треба да ја заштити Украина од руски крстосувачки ракети.

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников ја поздрави првата испорака, пишувајќи на Твитер дека започнала „нова ера“ во украинската воздушна одбрана и дека слични системи од САД се „на пат“.

Системот е произведен од компанијата Diehl Defense со седиште во Иберлинген на југот на Германија и е наменет да обезбеди противвоздушна заштита на малите градови и војската. Погоден е за одбрана од авиони, хеликоптери, беспилотни летала, крстаречки ракети и балистички ракети.

Секој систем се состои од три возила: ракетен фрлач, радар и интегрирана логистика и поддршка.

https://www.youtube.com/watch?v=eW-pkpgCJKE

Се вели дека проектилите, кои користат инфрацрвено топлинско зрачење за да бараат и идентификуваат цели, имаат дострел од 40 километри и достигнуваат максимална височина од 20 километри. Тие се опремени со радар со домет од 250 километри. Ракетите можат да се постават и во круг од 360 степени околу фрлачот.

Иако овие ракетни системи се во развој од 1990-тите и претрпеа неколку модификации, верзијата на IRIS-T SLM испорачана во Украина е сосема нова.

Секој од овие ракетни системи за противвоздушна одбрана чини околу 140 милиони евра. Конечните тестови на најновата верзија на ракетниот систем биле извршени на крајот на 2021 година. Постарите верзии на системот ги купија Шведска, Норвешка и Египет.

Украина сега го доби првиот од четирите IRIS-T SLM системи. Остатокот се очекува да биде испорачан на Украина до крајот на следната година.

Според написот во германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“, објавен во јули, Украина побарала од германската влада дозвола да купи 11 од овие противракетни системи и финансиска помош за да ги плати – значи околу 1,5 милијарди евра.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години