Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Ученикот кој рани вработен во училиште во БиХ и претходно носел оружје, родителите биле исплашени

(Видео) Ученикот кој рани вработен во училиште во БиХ и претходно носел оружје, родителите биле исплашени
Img 7972

Ученикот кој рани вработен во училиштето во Лукавац и претходно носел оружје во училиште, родителите биле исплашени.

dobivaj vesti na viber

Во основното училиште во Лукавац во утринските часови било употребено огнено оружје, при што едно лице добило рани на вратот и е во животна опасност, јавија тамошните медиуми.

Еден од поранешните ученици, кој поради недолично однесување бил префрлен во друго училиште, испукал неколку истрели од огнено оружје кон вработен во училиштето и лекарите се борат за неговиот живот.

Политичарот од Лукавац, Дино Османовиќ, на својот фејсбук-профил со објава, каде што во пораките има информација дека двајца ученици претходно донеле оружје во основното училиште. За доброто на ученикот, била организирана родителска средба и како што тогаш изјавиле од училиштето, за инцидентот била известена полицијата.

„Ова е порака од 22 мај 2023 година кога по дознавањето дека ученик се заканува со одмазда откога е префрлен од училиштето, побарав информации за да видам дали сме се опаметиле и сме презеле нешто да не се повтори Белград.

За жал, не направивме ништо. Се случи да настрада невин човек (некој рече дека не се убиени деца и дека нема паника), но јас велам дека, за жал, настрада татко на две деца и владее паника. Има потреба од паника додека не реагираат неспособните кадри од МВР и Обвинителството. Можеби тогаш ќе се вразумиме и ќе почнеме да учиме од туѓите грешки.

И, да, не добив одговор на моето прашање упатено до МВР, само повик преку „Вибер“ со зборовите дека ги презеле сите дејства, дека сѐ е под контрола и дека не може да дадат повеќе информации бидејќи во прашање е малолетник.

Му верував на системот, не знам ни зошто“, вели Дино Османовиќ во својата објава.

Можете да прочитате

Италија ќе има кибер армија, најави италијанското МО

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

Трамп ја овластил ЦИА за тајни операции во Венецуела