Утрински Весник
Свет

(Видео) Убиецот на 23 луѓе во „Волмарт“ во Тексас осуден на 90 доживотни затворски казни

(Видео) Убиецот на 23 луѓе во „Волмарт“ во Тексас осуден на 90 доживотни затворски казни

Федерален судија денеска го осуди Патрик Крусиус на 90 доживотни затворски казни за убиство на 23 и ранување на 22 лица во напад на супермаркет во Тексас, чија цел беа Јужноамериканци, објавија локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Казната е дел од договорот за признавање вина во федералниот суд во Ел Пасо во кој 24-годишниот Патрик Крусиус се изјасни за виновен и се согласи на затвор за да ја избегне смртната казна.

Сепак, сè уште постои тековен случај во државниот суд во Тексас што може да резултира со егзекуција.

Крусиус возел повеќе од илјада километри од предградијата на Далас до Ел Пасо на границата со Мексико и на 3 август 2019 година изврши масакр со калашников од романско производство.

Пред пукањето, тој објави манифест на Интернет во кој напиша:

„Овој напад е одговор на инвазијата на Јужноамериканци на Тексас. Тие се виновни, не јас. Јас само ја бранам својата земја од културниот и етничкиот инженеринг до која доведе инвазијата“.

Можете да прочитате

Неидентификуван предмет паднал и експлодирал во Полска, оштетени блиските куќи

Шест отсечени човечки глави пронајдени покрај пат во Мексико

Над 1.000 мртви во Шпанија поради жештините