Трка на помеѓу два автомобили на Партизанска, заврши со судир. Очевидци за „Макфакс“ сведочат дека автомобилот кој удри и искрши десетина метални столбичња кои го делат булеварот од патеката за велосипедисти, претходно се тркал со друго возило кое возело паралелно до него. Пред да удри во столбчињата, автомобилот удрил во контејери.
Veronika Koceva
Второто возило кое возело паралелно, не застално туку откако возачот на „сеатот“ изгубил контрола, продолжило да вози. Засега не е познато дали возачот има повреди.
На терен беше повикана и сообраќајна полиција која врши увид. Се очекува МВР подоцна да излезе со детали.