Утрински Весник
Економија

(Видео) Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

(Видео) Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Камиони со отровен зеленчук се влезени во Македонија и пуштени во промет, вели претседателот на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство од ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.

dobivaj vesti na viber

Тој ја обвини власта дека го урнисала македонското земјоделство и го направила увозно зависно, па почнале да увезуваат отровен зеленчук од соседството.

„До мене стигнаа документи од анализи на Државната фитосанитарна лабораторија при увоз на зеленчук во Македонија од Албанија, од кои се гледа присуство на пестициди повеќе од дозволеното.

Ова се документи од МЗШВ, од државната фитосанитарна лабораторија, со документ и печат на институцијата заведени со број 10802-409/2 и 10802-372/2, од кои јасно се гледа дека Државната фитосанитарна лабораторија направила анализа на увезени краставица и домат за утврдување присуство на пестициди. Наодот од анализата утврдува присуство на пестициди над дозволената граница“, рече Трипуновски.

„Ова се доказите. Граѓаните, освен што јадат скапа храна, јадат и небезбедна храна. ЈО мора веднаш да реагира. Немаме време за комисии, работни тела и инспекции, потребни се итни мерки, брзи истраги и одговорност. Овој штетен зеленчук може да завршил на пазарите во Скопје, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Велес, буквално на целата територија на Република Македонија.

Колку треба да биде профитот на некој поединец за да се дозволи труење на сопствените граѓани од страна на власта?“, праша Трипуновски.

Ваква операција на труење на сопствените граѓани, според него, не може да се спроведе без знаење на Љупчо Николовски и Николче Бабовски.

„Бараме веднаш одговор и одговорност од директорот Николче Бабовски и од министерот Љупчо Николовски. Оставки за овој скандал мора да има. Истовремено, барам веднаш да се отвори истрага против Љупчо Николовски, како и за сите вмешани во процедурите за испитување при увоз на храна. Потребна е целосна ревизија и заострување на мерките при увоз на храна. Будно ја следиме ситуацијата, и порачуваме дека одговорност за ова ќе има“, рече тој.

Доколку ЈО го премолчи и ова, тогаш идната влада на ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот ден од преземањето на власта ќе отвори постапка и ќе изврши истрага кој и зошто допуштил македонските граѓани да јадат небезбедна храна, предупреди Трипуновски.

Можете да прочитате

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Промоција на бизнис подкаст на Бранко Азески и на публикации „Стратешки документи на Комората“ и „Нов договор за економски развој“