„Имаме сериозни индиции дека Љупчо Николовски ја злоупотребил својата позиција и како министер за земјоделство шумарство и водостопанство, на нелегален начин давал под закуп огромни земјишни парцели, претставени како земјоделско земјиште, а всушност се работи за градежно земјиште во Скопје, денес ќе го објавиме вториот договор, кој се темели на истиот шаблон кој го презентиравме вчера“ рече Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Трипуновски презентираше „договор кој министерството, застапувано од Љупчо Николовски, како министер го склучило со извесен Орхам Чоловиќ, договорот е со датум од 4 јули 2022 година со архивски број 39-771014/1. Предмет на договорот е закуп на земјоделско земјиште во вкупна површина од 73.031 метар квадратен во општина Бутел за подигање на долготраен лешников насад за период од 70 години“.
„Фактичката состојба е дека не станува збор за земјоделско земјиште, туку за градежно неизградено земјиште на територија на општина Бутел, во површина од над 73 илјади метри квадратни. Со овој договор, Николовски му овозможува на закупецот да присвои над фантастични 73 илјади метри квадратни градежно земјиште во Бутел по цена од 5.745 денари годишна закупнина. За нештата да бидат појасни и за тоа за каква измама станува збор, се гледа од фактот што метар квадратен градежно земјиште во тој реон се продава од 150 евра па нагоре, односно за таа парцела би се потрошиле околу 11 милиони евра“ рече тој.
„Николовски дава парцела од над 73 илјади метри квадратни по годишна закупница од 5.745, која всушност истата по реална цена чини околу 11 милиони евра“ појасни Трипуновски.