Утрински Весник
Македонија

(Видео) Тримчевска: Нервозата кај СДС веројатно е заради тоа што ќе нема маркица за хотел во Лисиче, како таа на мајката на Богоев

(Видео) Тримчевска: Нервозата кај СДС веројатно е заради тоа што ќе нема маркица за хотел во Лисиче, како таа на мајката на Богоев

Политичките партии кои се дел од власта за жал функционираат по принципот „секој ден нов коруптивен скандал“, па така „СДСМ Корумпирана“ треба да биде новиот слоган со кој оваа политичка партија ќе излезе на следните избори, изјави на денешната прес-конференција Милка Тримчевска, советник во Советот на Општина Аеродром.

dobivaj vesti na viber

„Додека, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во услови на економска криза, секојдневно реализираат проекти, единствено нешто што реализираат функционерите на СДСМ се коруптивни скандали поврзани со блиски роднини на раководството на партија. Јавноста е сведок, а медиумите во неколку наврати информираа за фактот дека мајката на Стефан Богоев е „случајниот купувач“ на земјиште каде таа треба да изгради луксузен хотел, а сопругата на Димитар Ковачевски е „среќниот купувач“ исто така на државно земјиште каде наскоро ќе бидат поставени фотоволтаици. Ова е типичен пример на корупција, за која Државната комисија за спречување на корупција уште веднаш да отвори постапка.

И додека секојдневно се редат коруптивните скандали партиските мегафони на СДСМ не престануваат да ја замајуваат јавноста со ширење лажни вести и дезинформации обидувајќи се вниманието на јавноста да го оттргнат од лошото и расипничко водење на државата. И веројатно единствено нешто кое знаат да го прават од политичката партија на власт е да склучуваат договори, матни зделки да ја лажат и манипулираат јавноста. Последниот во низата вакви обиди е пласирањето неточни информации поврзани со Деталниот урбанистички план во дел од населбата Лисиче кој напротив се реализира целосно транспарентно и во согласност со законите и кој решава сериозни урбанистички проблеми на голем дел од жителите на овој дел од Аеродром. Градоначалникот Муцунски пред неколку денови на прес конференција спомена, јас денес уште еднаш да потсетам дека иницијативата за изработка на овој ДУП е започната во време на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ, истата целосно во согласност со законите и најтранспарентно продолжува да се реализира за време на градоначалникот Муцунски. Доколку СДСМ бара некаква одговорност, тоа најпрво треба да го направи од нивните функционери“ рече Тримчевска.

Таа додаде дека СДСМ веројатно очекувала во Лисиче да никне хотел како тој на мајката на Стефан Богоев или пак да се постават фотоволтаици како тие на сопругата на Димитар Ковачевски.

„Веројатно во тој случај тие ќе дадеа поддршка за завршување на овој проект. Наводната „бетонизација„ во Лисиче за која тие се загрижени е само блеф, односно начин преку кој тие се обидуваат да ги забетонираат своите позиции во низата коруптивни зделки“ нагласи Тримчевска.

По завршување на законски предвидената постапката, истакна Тримчевска, граѓаните на Лисиче ќе добијат Детален урбанистички план кој ќе бидат внесени голем дел од нивните забелешки и ќе ги реши голем дел од локалните и урбанистички проблеми со кои тие се соочуваат.

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата