Утрински Весник
Македонија

(Видео) Три хеликоптери утрово повторно дејствуваат на пожарот кај Блаце

Helikopterblace.jpg

Центарот за управување со кризи информира дека утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце.

На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и ПП возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со ПП возила на ДЗС.


ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен, a според нивните информации денеска има дури 12 пожари на отворено.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци