Утрински Весник
Македонија

(Видео)Тренчевска: Социјална реформа на дело – проширен капацитетот на градинката во Крива Паланка за нови 102 дечиња

(Видео)Тренчевска: Социјална реформа на дело – проширен капацитетот на градинката во Крива Паланка за нови 102 дечиња

Ефектите од социјалната реформа што ја спроведува Владата На Република Северна Македонија преку Министерството за труд и социјална политика достапни за младите семејства од Општина Крива Паланка.

dobivaj vesti na viber

При проширувањето на капацитетите на градинката „Детелинка“ со новиот објект „Поточиња“ се создадоа дополнителни 102 места за згрижување на дечиња од предучилишна возраст, со што значително се прошируваат капацитетите за оваа социјална услуга во општината.

Постојниот објект на градинката „Детелинка“ во Крива Паланка преку надградбата доби пет нови занимални, од кои една е наменета за деца до двегодишна возраст, а останатите четири се за хетерогени групи на деца на возраст од две до шест години. При изведбата на градежните зафати користени се современи градежни материјали кои овозможуваат висока енергетска ефикасност на објектот.

Во надградбата на објектот инвестирани се речиси 27 милиони денари, од кои повеќе од 22 милион денари се вложени во градежните работи, а околу 4,7 милиони денари во набавка на мебел и опрема.

На свеченото отворање на градинката присуствуваа министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, директорката на ЈОУДГ „Детелинка“, Мирка Јакимовска, вработени, родители и граѓани од оваа општина.

Министерката Тренчевска подвлече дека „Нема поголемо задоволство за мене кога ги гледам плодовите од напорната работа, како и заедничката соработка со општините. Особено ми е драго кога станува збор за инвестиции во предучилишното образование и унапредување и зголемување на капацитетите на градинките. Ние, како Министерство и Влада, сме целосно посветени на решавање на горливите прашања на родителите за згрижување на нивните деца и оттука наша обврска е да инвестираме токму на тоа поле. Затоа, денеска со голема чест и задоволство сум тука за отворањето на градинката, која е особено значајна за локалната заедница. Со надградбата на стариот објект, кој е граден далечната 1973 година, го зголемуваме нејзиниот капацитетот и се подобруваат условите за престој на дечињата. Истовремено преку овие активности директно придонесуваме кон решавање на проблемот со листите на чекање во оваа општина“.

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор