Утрински Весник
Македонија

(Видео)Тренчевска: Кризата околу 2015 година донесе нови искуства и предизвици

(Видео)Тренчевска: Кризата околу 2015 година донесе нови искуства и предизвици

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска со воведно обраќање го отвори вториот дел од Министерската конференција „Одржливо управување со миграцијата во Западен Балкан“, која втор ден се одржува во Скопје, и на која учествуваат амбасадори, министри, експерти и други гости, од земјите на Западен Балкан, Европа, Азија и САД.

dobivaj vesti na viber

Министерката Тренчевска се осврна на периодот околу 2015 година, кога Република Северна Македонија беше соочена, пред се со хуманитарна криза, а секако и со сигурносна со оглед на прекуграничните движења, предизвикани од ненадејни масовен приливи на мигранти на нашата јужна граница.

„Преку 1 милион луѓе беа во транзит во период од 2015 до 2016 година, а имавме периоди кога и над 10.000 мигранти дневно поминува низ нашата територија барајќи начин да стигнат до земјите членки на Европската унија. И ние, како и земјите во регионот, и во ЕУ, веднаш се обидовме да ги заштитиме ранливите лица што е и главниот мандат на Министерството за труд и социјална политика. Поддржани од нашите партнери УНХЦР, ИОМ и УНИЦЕФ, започнавме со организирање на тимови од социјални работници, психолози, едукатори и преведувачи кои обезбедуваа организирано сместување, психосоцијална поддршка, хуманитарна помош во храна и облега, неформално образование и детски катчиња во соработка со домашните и меѓународни невладини организации,“истакна Тренчевска.

Таа посочи дека кризата во 2015 година донесе сосема нови искуства, нови предизвици кои бараа нови законски и оперативни решенија за управување со таканаречените МЕШАНИ миграциони текови.

„Од овој аспект би сакала да истакнам дека наша примарна цел беше и остана заштитата на непридружувани и разделени деца каде преку доделување на старател и зацврстување на механизмите на алтернативни форми на згрижување како што се згрижувачките семејства и малите групни домови се обидовме да обезбедиме опкружување во кое во најкраток можен рок требаше да се идентификува најдобриот интерес на детето. Истиот приоритет беше даден и на другите ранливите категории на лица како што се сами жени, трудници, стари и изнемоштени лица. Освен моментален одговор во форма на социјална заштита и хуманитарна помош, Министерството ги преточи научените лекции во низа документи и политики со што почнавме формирање на база на знаење како дел од идната рамка за управување со миграции како што се оперативни процедури и правилници и прирачници кои и денеска се користат од страна на стручните служби и теренските работници,“ истакна Тренчевска.

Можете да прочитате

Од Ресен до Скопје – пратеник со 13.200 евра патни трошоци за една година

Избегнувајте го центарот на Скопје затворен е за снимање филм

(Видео) Вечерва полициска акција на кумановската патарина – застој во сообраќајот