Утрински Весник
Свет

(Видео) Трагедиите во Србија донесоа барања од толпа народ која излезе на улиците

(Видео) Трагедиите во Србија донесоа барања од толпа народ која излезе на улиците

Река од граѓани на Србија излегоа на протестниот марш до Владата, по двата големи масакри во државата. Пред тргнувањето на граѓаните, се обрати Марина Видојевиќ, наставничка по српски јазик во основното училиште, која ги прочита барањата кои демонстрантите ги имаат.

dobivaj vesti na viber

„Драги мои сограѓани, нѐ собра една страшна трагедија. Сите се прашувавме што ни се случи. Сите чувствувавме гнев, беспомошност и тага. Ти не си сам. Ние си должиме да објасниме зошто сме овде денес. Веќе не можеме да чекаме, предолго молчиме, свртевме на друга страна, дека некој друг ќе ги реши сите проблеми на општеството. Трагедија нè удри право во лице, па сега е времето. Тука сме затоа што сакаме да живееме без страв, сакаме безбедни деца и училишта за сите деца. Сакаме емпатија, а не омраза. Тука сме затоа што веруваме дека можеме да сочувствуваме. Ова е прашање над се` политика, рече па додаде: „Ќе ви ги прочитам барањата на Србија, која се обедини против насилството: итно разрешување на сите членови на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), прекин на националната фреквенција за PINK и Happy, разрешување на министерката Братислава Гашиќ“.

Милован Бркиќ, новинар и уредник на „Таблоид“ исто така преку вклучување на пренос во живо даде упати критики.

„Госпоѓата (од говорница) не го спомена главниот виновник – Александар Вучиќ. Тој е злочин кој ни ја одзеде секоја надеж. Како ќе се чувствуваат овие луѓе кога стоката од опозиционери се кријат? Ни нема спас. Изгледа ќе мора децата со пушки да ја решат судбината на Србија. Ќе се случи тоа што мора да се случи. И треба да влеземе во Собрание и да ги фатиме идиотите, да им ја скинеме главите. Ние ќутиме. Сакате ли Милован Бркиќ на 67 години да ви донесе слобода?“, рече Бркиќ.

Тој реагираше оти говорничката која повика на поворката, не ги споменала српската премиерка Ана Брнабиќ и претседателот Александар Вучиќ за виновници.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години