Утрински Весник
Балкан

(ВИДЕО) Товарен и патнички воз се судрија во подземен тунел во Белград

Image 8.png

Денес околу 18 часот и 30 минути се судрија патнички и товарен воз, јавуваат српските медиуми.

Еден патнички и еден теренски воз се судрија денеска околу 18:30 часот во подземниот тунел меѓу градскиот кварт Вуков споменик и мостот Панчевачки во Белград, пишува Нова.рс. Пожарникарите се на терен, а испратени се и четири екипи за итна помош. Сударот се случил, објави државната телевизија РТС, на околу 400 метри од влезот во тунелот кај Панчевачкиот мост.

Блиц наведува дека има и повредени, а меѓу нив е машиновозачот и кондуктер. Подоцна веста ја надополнија со информација дека во патничкиот воз имало вкупно осум лица, шест патници, машиновозачот и кондуктерот и дека сите тргнале пеш кон излезот од тунелот, а немало сериозни повреди. РТС соопшти дека две лица се полесно повредени.

Н1 Србија соопшти дека на терен се 17 пожарникари со пет возила, полиција и екипи на итната помош.

Можете да прочитате

Конгрес на хотелиери на Хрватска: Хрватска поскапа од Албанија за 52 отсто

Сараево утрово прв на листата на градови во светот со најзагаден воздух, Скопје на четвртото место

Фрлени две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан во северно Косово