Утрински Весник
Свет

(Видео) Тепачка на повеќе луѓе на лет во Австралија, авионот морал принудно да слета

(Видео) Тепачка на повеќе луѓе на лет во Австралија, авионот морал принудно да слета

Повеќе луѓе се степаа минатиот четврток на летот од Кернс до Дарвин во австралискиот залив Карпентарија.

dobivaj vesti na viber

Како резултат на тепачката некој го скршил прозорецот и авионот морал да изврши две принудни слетувања, пишува „Дејли Мејл“.

Уапсени се четири лица.

Откако избила првата патничка тепачка на летот, авионот принудно слетал во Кернс, а жената која го предизвикала инцидентот била уапсена и обвинета за напад, непристојно однесување и непочитување на безбедносните упатства.

Авионот потоа повторно полетал, но групата патници кои учествувале во првата тепачка повторно почнале да се расправаат, па повторно избила тепачка. Авионот принудно слетал повторно, овој пат во Аљангула на островот Грот Ејландт, каде полицијата уапсила уште тројца патници.

Кај еден од нив биле пронајдени дрога и алкохол.

Можете да прочитате

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

Трамп: Ги прекинуваме сите трговски преговори со Канада

Шпанија се подготвува за топлотен бран – температурите над 40 степени