Утрински Весник
Македонија

(Видео) Тасевска: ВМРО-ДПМНЕ и Панова да им се извинат на административните кои ги нарекоа „глувци“

(Видео) Тасевска: ВМРО-ДПМНЕ и Панова да им се извинат на административните кои ги нарекоа „глувци“

Пратеничката Ели Панова и ВМРО-ДПМНЕ треба да им се извинат на сите работници во јавната администрацијата за тоа што ги нарекоа „глувци“, побара пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска.

dobivaj vesti na viber

-Да ги навредувате вработените во администрацијата е навистина срамно. Од опозиција ВМРО-ДПМНЕ покажува што мисли за нив, за работниците, за граѓаните. Нас ни е јасно дека за ВМРО-ДПМНЕ народот е само бројка за гласови, реклама за бројки и ништо друго, рече Тасевска.

Пратеничката додаде дека владата предводена од СДСМ води вистинска грижа за работниците и за сите вработни.

Претходно Панова изјави: Разговараме за предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Поговорката која што вели „ Кога мачорот не е тука глувците оро играат“ е сега што е ползата да чуваш мачор ако глувците оро играат и кога тој е присутен. Еве иста е ситуацијата и во ова сала. Ако гледате дека и кога премиерот е присутен замислете пратениците по цел ден ги нема. Каде се овие реформи во администрацијата кои што толку долго ги најавувате.

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ