Утрински Весник
Економија

(Видео) Талевски: Заштеда на 150 милиони евра и побрза градба на коридорите

(Видео) Талевски: Заштеда на 150 милиони евра и побрза градба на коридорите

ВМРО-ДПМНЕ две недели води хајка против изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел, истакна на денешната прес-конференција Миле Талевски, пратеник на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Законите, вели тој, коишто се во интерес за побрза изградба на овој стратешки проект од национален интерес го блокираа во Собранието заедно со Левица.

Оценува дека наместо побрзо и поевтино, оваа блокада на ВМРО-ДПМНЕ и Левица би ги чинела граѓаните 150 милиони евра и дополнително загубени 2 години.

„Иако ВМРО-ДПМНЕ бараше Договорот да биде претставен во Собранието, не кажаа кога и на која комисија би се разгледувал цела недела. Се покажа дека единствена нивна цел е да го блокираат стратешкиот проект, да шират невистини и да водат хајка против овој национален проект од големо значење. СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да направи хаос од изградбата на коридорите. Нема да дозволиме да ги чинат граѓаните поскапо за 150 милиони евра и со години да се градат. Нема да дозволиме да се повтори хаосот како на автопатот Кичево – Охрид кој го направи ВМРО-ДПМНЕ“, додава тој.

Пратениците на СДСМ, како што појасни, ги поддржуваат предложените измени на пет закони поврзани со изградбата на делниците од коридорите со европско знаменце.

Целта, рече тој, е делниците од коридорите да се изградат и побрзо и поевтино за 150 милиони евра.

Сите предложени законски измени според Талевски се во согласност со Уставот и со нивното донесување, ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба.

„Со изградбата на коридорите македонската економија добива пристап до две нови пристаништа, она во Драч и она во Бургас и наместо кружен ток, конечно станува вистинска крстосница. Покрај унапредување на инфраструктурата, изградбата на овие коридори, носи и економски придобивки, со отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст на БДП од два отсто годишно. Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат поразени“ дециден е Талевски.

Можете да прочитате

Министерство за економија смета дека Новогодишната кошничка била успешна

СДСМ: Политиките со „кошнички” се покажаа како целосно промашени 

ВМРО-ДПМНЕ: Болката на СДС не е грижа за граѓаните, туку грижа што не можат веќе, како до сега, да крадат