Утрински Весник
Македонија

(Видео) Талески: Извештајот на ЕК го препознава напредокот на државата

(Видео) Талески: Извештајот на ЕК го препознава напредокот на државата

„Нашата држава доби позитивен Годишен извештај од Европската Комисија за 2022 година. Извештајот го препознава напредокот и одржливоста на реформскиот процес и го поздравува почетокот на преговорите со ЕУ со одржувањето на првата Меѓувладина конференција. Споредено со другите држави од Западен Балкан, Република Северна Македонија сè уште стои најдобро во регионот во Кластерот Фундаментални вредности, а оценката за вкупната подготвеност гласи „добро ниво на подготвеност“ – посочи денеска пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

dobivaj vesti na viber

Талески посочи дека „позитивниот извештај на ЕК е признание за напорите на Владата и парламентарното мнозинството предводени од СДСМ за реализација на реформите важни за евроинтегративниот процес“.

„И додека сите честитаат на позитивниот извештај, единствено ВМРО-ДПМНЕ како докажана антиевропска партија шири лаги и ја извртува содржина на Извештајот. Критиката на ВМРО-ДПМНЕ е целосно спротивна на оценката на ЕК дека државата има издржан реформски напредок кон ЕУ. Вистината е дека во Извештајот најмногу критика има за опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нивните блокади во Собранието каде имаме јасна критика за доцнење при носењето на законите, за што причина се блокадите од страна на опозицијата“ рече Талески и истакна дека:

„ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да дава оценка за Извештајот, затоа што нашата држава најлошите извештаи од Европската комисија ги имаше токму за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ“.

 

Можете да прочитате

Министерството за енергетика со финансиска поддршка за ранливите категории – за сметките за струја

Министерството за енергетика со финансиска поддршка за ранливите категории – за сметките за струја

Поевтинуваат горивата од полноќ – ова се новите цени