Утрински Весник
Економија

(Видео) Талески: 274 милиони евра наменети за одбраната, за поефикасна и помотивирана Армија

(Видео) Талески: 274 милиони евра наменети за одбраната, за поефикасна и помотивирана Армија

„Со предлог Буџетот за 2023 година, продолжуваат инвестициите во секторот одбрана и унапредување на условите за работа во Армијата, која е дел од НАТО. Буџетот за одбраната за следната година е за 24,22 отсто поголем во однос на 2022 година и тој изнесува 1,87 отсто од БДП, односно 274 милиони евра. Од овие предвидени средства една третина или 88,7 милиони евра се предвидени за модернизација на Армијата“ вели пратеникот од СДСМ, Миле Талески.

dobivaj vesti na viber

Тој напомена дека „во модернизацијата спаѓаат и набавките на лесни оклопни возила, системот за противвоздушна одбрана, набавка на информатичка опрема, опрема за сајбер одбрана и други средства. Во секторот одбрана продолжува и реконструкцијата на објекти и инфраструктура на Армијата и тоа со 10 милиони евра повеќе од 2022 година, со акцент на повисоки еколошки стандарди на објектите“.

„Платите во Армијата постојано растат и денес, припадниците на Армијата имаат значително поголеми месечни примања. Конкретно, ако во 2017 платата на професионален војник изнесувала 21.936 денари, денес таа, заедно со надоместот за станарина изнесува 38.512 денари. Износот за надомест за станарина како месечен додаток на платата исто така е зголемен и тој изнесува 9.555 денари. Сето ова придонесува за зголемен интерес за пристапување кон Армијата како атрактивно место за вработување“ рече Талески.

 

Можете да прочитате

Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година 

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата