Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Тајфун предизвика големи поплави во Кина, десетици загинати

(Видео) Тајфун предизвика големи поплави во Кина, десетици загинати
Img 7972

Четиринаесет лица го загубија животот за време на викендот во кинескиот град Шулан поради поплавите предизвикани од тајфунот Доксури. Североисточна Кина, Пекинг и провинцијата Хебеи забележаа обилни врнежи и поплави откако тајфунот стигна на копно во јужната провинција Фуџијан пред две недели.

dobivaj vesti na viber

Покрај настраданите во Шулан, во североисточната провинција Џилин, минатата недела повеќе од 20 лица загинаа во Пекинг и Хебеј. Властите сè уште не го објавија вкупниот број на загинати низ целата земја.

Меѓу оние кои ги загубија животите во Шулан има и тројца службеници, меѓу кои и заменик-градоначалникот на градот со околу 587.000 жители, објавија државните медиуми.

Нивото на водата во градот се спушти на безбедно ниво и преземени се итни интервенции за преселување на жителите и поправка на инфраструктурата. Електричната енергија беше вратена во повеќе од 14.000 домови, објавија државните медиуми.

Регионалните власти соопштија дека делови од реката Сонгхуа, главна река во североисточна Кина, и притоката на Ненџијанг останале на опасно високи нивоа.

Исто така, вратена е струја во многу поплавени подрачја во Пекинг и во провинцијата Хебеј. Во тек се напори за обновување на струјата во североисточните провинции Џилин, Хејлонгџијанг и Лиаонинг, објави државната телевизија CCTV.

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј