Утрински Весник
Македонија

(Видео) Сведок на Рашковски: Од Кабинетот на Зеќири даваа насоки како да се одговори на барања за документи

(Видео) Сведок на Рашковски: Од Кабинетот на Зеќири даваа насоки како да се одговори на барања за документи

Зорица Стојановиќ, вработена во Владата, сведочеше во случајот „Софтвери“ каде обвинет е Драги Рашковски. Таа работела како помошник раководител на Сектор за правни работи, во моментите кога обвинителката Ивана Трајчева прибавувала докази за случајот. Рашковски ја прашуваше Стојановиќ за дописите кои ги изготвувала, а потоа биле испратени до Трајчева. Таа објасни како течело давањето на одговорите. Кажа дека тогашниот генерален секретар Мухамед Зеќири односно неговиот кабинет, давале насоки за одговори.

dobivaj vesti na viber

„Претпоставувам дека ова е дадено по насоки на Кабинетот на генералниот секретар. Сите барања пристигнуваа таму. На почетокот и лично доаѓаа истражители. Насоките доаѓаа од Кабинетот на генералниот секретар. Барањата беа во кабинетот, кажуваа какво барање стигнува, па ми даваа насоки како да се одговори или дека треба од други сектори документи“, кажа Зорица Стојановиќ.

„Значи вие сте добиле насоки: Зорица напиши дека го нема ова“, ѝ рече Рашковски, а сведокот одговори: „Да, претпоставувам Кабинетот истражувал претходно“

За документ доставен до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, сведокот Стојановиќ кажа: „Не се сеќавам, не гледам овде мое име. Јас обично го ставам моето име на дописите што ги подготвувам. Некогаш и други колеги ги подготвуваа дописите“, на што Рашковски врати: „Тогаш не можам да ви поставам прашање“.

„Во дописите кои ги испраќате велите: ‘Не располагаме со одлуката на Владата на РСМ за набавка на софтвер за определување на просечна брзина и определување на казна’. Кажете ни зошто го дадовте одговорот?“, праша Рашковски.

„Мислам дека знам што сака да праша. Кога ОЈО ги доставуваше прашањата бараше информација дали Владата разгледувала информација, одлука заклучок.. Има одлука за набавка од Генерален секретаријат. Владата како колективно тело не носи одлука за набавка. Може да разгледа информација и да задолжи да набави тоа и тоа“, одговори Стојановиќ.

Рашковски на рочиштето ги оспорува документите доставени од Генералниот секратаријат и Мухамед Зеќири, а кои се користат за негово гонење.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор