Утрински Весник
Македонија

(Видео) Судир меѓу четири возила на „Партизанска“, вклучени заштитни перничиња: одекна силен удар

(Видео) Судир меѓу четири возила на „Партизанска“, вклучени заштитни перничиња: одекна силен удар
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Верижен судир се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Карпош 4, спроти трговскиот центар Антико. Во несреќата учествуваа четири возила, меѓу кои марка „ходна“, „рено“ и „опел“, а едното од нив е такси возило.

dobivaj vesti na viber

Се слушна силен звук на удар, сведочи локален продавач.

Делови од автомобилите се расфрлани долж булеварот, во еден од нив е вклучено заштитното перниче поради силината на ударот. Од она што може да се забележи на две од возилата тркалата им се оштетни.

На терен нема брза помош, што значи дека нема повредени лица, но има две полициски екипи кои треба да направат увид како дошло до несреќата.

Булеварот делумно е блокиран.

Можете да прочитате

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој

Д-р Бошковска: Се чини дека грипот го достигнува својот пик, на Клиниката во Козле речиси комплетно е исполнет капацитетот, хоспитализирани се и доенчиња

Артан Груби по една година во бегство забележан во Приштина?!