Утрински Весник
Македонија

(Видео) Судијката Радева до колегите од Судски совет: Во писмото стои дека треба да си ја работиме работата, не знам што толку фама

(Видео) Судијката Радева до колегите од Судски совет: Во писмото стои дека треба да си ја работиме работата, не знам што толку фама

Нема судии во судовите, тоа е проблем, а кој и да седне на претседателското столче нема да ни се допаѓа. Ова го порача судијката и член на Судскиот совет, Мери Радевска на седницата која во првата половина помина низ караници. Таа кажа дека ќе дојде до колапс и порача: „Секој да се запраша како придонел“. Посочи дека во Судски совет се оди по канцеларии за оговрање на колегите.

dobivaj vesti na viber

„Во писмото стои да си ја работиме работата, судиите да си ја работат работата. Тоа не треба некој да ми го каже, треба да си го работиме. Треба да соработуваме, да седнеме на комисија да изготвиме ако треба дас е изготви. Не се бара повеќе отколку да си ја работиме работата. Не знам што толку фама за тоа писмото. Писмото бара секој да си е одговорен, да си чувствува одговорност. Упатството е многу корисно ако се прочита, прифати, применува. Ние нема да губиме време. Јас денеска имам толку преставки за реферирање, јас губам време за нешто што во трето одделение сум го правела и сум рекла ‘не ова не е во ред’. Не сакам да зборувам повеќе за тоа“. рече Радевска.

За изборите на судии во судовите, членот Мери Радевска кажа: „Сите знаеме зошто доцнеа, не може да му се префрла на некого нешто. Не ја бранам оти е тука, утре некој друг ќе биде, нема врска. Јас сум господар на мојот глас. И секој е поединечно господар на својот глас – ако е господар. Ако нема интегритет и слуша некој друг – тогаш нека се запраша дали е за тука. Чекајте, требаше некој мене да ми каже за кој да гласам и да го прифатам тоа? Вратете ги работите на основните вредности, за да функционираме сите. Не велам дека сум идеална или дека некој е многу грешен“.

Претходно, имаше караници и препукувања во Судскиот совет. Имаше и барање за разрешување на Весна Дамева од претседателската функција.

Можете да прочитате

Мицкоски: Го осудувам сквернавењето на македонското знаме, предупредивме дека вакво нешто ќе се случува

Бектеши: Ние вакви настани во последните седум години речиси немавме во нашата држава

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија