Утрински Весник
Спорт

(ВИДЕО) Струга ТЛ го загуби првиот меч против Брејдаблик

(ВИДЕО) Струга ТЛ го загуби првиот меч против Брејдаблик

Македонскиот шампион Струга Трим Лум доживеа пораз (0:1) од Брејдаблик во првиот меч од плејоф колото за пласман во групната фаза од Конференциската лига. Стружани беа подобар ривал, но гостите со минимален триумф заминуваат од „Билјанини извори“ во Охрид.

dobivaj vesti na viber

Стрелец на победничкиот гол беше Хоскулдур Гунлаугсон во 35.минута. Тој влезе во шеснаесетникот од десната страна и шутираше силно во спротивниот агол.

Претходно, Буњамин Шабани постигна гол, но не беше признат поради фаул над голманот.

Убави шанси имаше и Бесарт Ибраими, Хоган Укпа ја погоди гредата во 72.минута, но на крајот сепак Брејдаблик обезбеди предност пред реваншот на Исланд за седум дена.

Во судиското продолжение, Струга ТЛ остана и со играч помалку откако црвен картон заработи Ванѓел Згуро.

 

Можете да прочитате

Винисиус добил понуда од 1.000.000.000 евра

Лудница во Белград – Илјадници наввачи ги пречекаа српските спортисти

Алкараз: Сакам годината да ја завршам како прв светски рекет