Утрински Весник
Свет

(Видео) Стотици Руси се полеваат со студена вода во знак на поддршка за војната во Украина

(Видео) Стотици Руси се полеваат со студена вода во знак на поддршка за војната во Украина

Видео од источниот руски град Благовешченск денеска стана вирално, а на него се гледаат стотици луѓе во костими за капење како се полеваат со вода на улица среде зима за да ја покажат својата сила и да ја поддржат војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

Температурата во градот била минус 9 степени Целзиусови.

Френсис Скар, новинар на „Би-Би-Си“ кој внимателно ги следи руските медиуми, го објави видеото.

„Стотици луѓе во рускиот град Благовешченск се собраа да ја покажат својата поддршка за инвазијата на Украина со поливање со ладна вода врз себе“, напиша Скар.

Новинарот додаде дека не се шегува.

Можете да прочитате

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот

Бројот на жртви во пожарот во Карачи се искачи на 67

Гренел до Вучиќ: Следете го американскиот пат