Утрински Весник
Спорт

(ВИДЕО) Столе Димитриевски прими седум гола од Атлетико Мадрид

(ВИДЕО) Столе Димитриевски прими седум гола од Атлетико Мадрид

Рајо Валјекано имаше две победи на стартот од сезоната во Ла Лига, а Столе Димитриевски немаше примено гол. Но, вечерва на гости им дојде Атлетико Мадрид и ги декласира со 0:7. Македонскиот репрезентативец прими дури седум гола, имаше и една кардинална грешка, а сето тоа тимот на Диего Симеоне знаеше да го казни.

dobivaj vesti na viber



Во првиот дел, Атлетико Мадрид постигна три гола. Гризман во втората минута го отвори резултатот, Депај беше стрелец на вториот гол, а потоа се повреди, до одморот погоди и Молина.

Во второто полувреме Алваро Мората постигна два гола, а во листата се запишаа и Анхел Кореа и Маркос Љоренте.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027