Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Ново бегство во Идризово

(Видео) Стоилковски: Ново бегство во Идризово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„СДС и ДУИ не само што молчат за познатите бегства од затвор, туку и кријат дека има ново бегство од Идризово. По она крваво сценарио пред две недели и наводно преземање мерки, нов бегалец од Идризово. Целосен дебакл. Ова повеќе не е систем за казна и ресоцијализација, ова е целосно мафијашко решето“ рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Тој напомена дека „СДС и ДУИ мора да сносат одговорност за оваа состојба. Министерство за правда мора да сноси одговорност за епидемијата од бегства од затвор. Очигледно ова е добро организиран мафијашки систем, којшто не би можел да функционира без поддршка од власта“.

„Се работи за организирана банда. Очекуваме одговор од Владата. Нема веќе простор за криење и молк. Дали зад бегството повторно стои партиската парамилиција на СДС вработена во затворите? Дали избеганиот со иницијали Р.К. , етнички Албанец, кај себе поседува фото албум овојпат за блискост со ДУИ? Дали се работи за организирана група блиска до ДУИ?“ праша Стоилковски.

Можете да прочитате

Почнуваат пообилни врнежи од дожд и од снег

Намалена видливост поради магла на патните правци Страцин – Кратово, Скопје -Тетово, Велес -Скопје и Куманово -Скопје

Променливо облачно со утринска магла, попладне дожд