Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Наставничка, кадар на СДСМ, е вработена во АЕК за плата од 55 илјади денари

(Видео) Стоилковски: Наставничка, кадар на СДСМ, е вработена во АЕК за плата од 55 илјади денари
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Партиската функционерка на Социјалдемократскиот сојуз, Емилија Костурски е вработена во Агенцијата за електронски комуникации за плата од 55.000 денари, на место соработник за информатички технологии, а доаѓа од позиција долгогодишен наставник во средното медицинско училиште во Битола, изјави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

„Антимакедонската СДС мора да објасни како Агенцијата за администрација оценува дека 56 годишната наставничка од медицинско училиште во Битола е посоодветна за позиција соработник за информатички технологии во АЕК  од 35 годишник со завршени информатички студии, којшто исто така конкурирал на огласот? Антимакедонската СДС мора да објасни дали зад максималниот број на поени за работа во АЕК и петте поени разлика од кандидатот информатичар, пресуден бил фактот што Емилија Костурски е член на ЦО на СДС и заменичка на екс-градоначалничката на Битола?“, рече Стоилковски.

Додаде дека Македонија тоне во кризи и во сиромаштија, а буџетот се користи за вработувања на партиските миленици на ДУИ и, како што рече, антимакедонската СДС.

„Половина милион граѓани живеат во сиромаштија, со енергетската криза предизвикана од криминал ја доведоа државата во банкрот, ама важно е кадарот на ДУИ и на антимакедонската СДСМ да биде ухлебен. Наместо да се занимаваат за струја, за гас, храна, млеко, наместо да се борат со растечката инфлација, тие го користат буџетот за вдомување на свои миленици во администрација и плата од празниот буџет. Ова почитувани мора да има крај и затоа се потребни итни тројни избори, парламентарни, претседателски и Референдум“, додаде Стоилковски.

Можете да прочитате

Мицкоски: Задоволни сме од тоа што се постигна со „Сејф Сити“

Пожар на повеќе локации на Скопска Црна Гора

12-годишно дете со тешки повреди по експлозија на петарда во парк во Аеродром