Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Ковачевски да каже дали се срами што гласал за име „Адем Демачи“ наместо „Втора македонска“

(Видео) Стоилковски: Ковачевски да каже дали се срами што гласал за име „Адем Демачи“ наместо „Втора македонска“

Пртпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски тврди дека премиерот Димитар Ковачевски во функција на заменик министер во 2021 година гласал за промена на името на улицата Втора македонска ударна бригада во Адем Демачи.

dobivaj vesti na viber

Тој пред новинарите извади делови од записници на владини седници од март 2021 година, кога во пресрет на локалните избори, владата на СДСМ дава мислење на Шилегов и Скопје за преименување на улици, мостови и објекти.

„Ова е листингот со промената на имиња од 2021 година, каде што како 142 предлог кој што поминува, а е промена на „Втора македонска ударна бригада“ во „Адем Демачи“. И оттука почитувани, Владата на СДС со Заев, со гласање на Ковачевски, а на предлог на Шилегов, во 2021 го менува името на „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“, рече Стоилковски.

Стоилковски побара од Ковачевски да каже дали денес се срами што гласал за „Адем Демачи“ наместо за „Втора македонска“, па сега се крие и манипулира и бара Чаир да си изградел улица ако сакале да го носи името на „Адем Демачи“.

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим