Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Груби признава, заради штетниот договор ќе се плаќаат 100-тици милиони евра пенали

(Видео) Стоилковски: Груби признава, заради штетниот договор ќе се плаќаат 100-тици милиони евра пенали

Тоа што Артан Груби се восхитува Александар Вучиќ и на Република Србија, не му дава за право да менува факти, да манипулира и да лаже, истакна на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Артан Груби, додава тој, признава дека по штетниот договор потпишан од крими владата на ДУИ и СДС, ќе се плаќаат пенали во вредност од 100-тици милиони евра!

„Потпишаа договор без национален легитимитет и консензус, сега Груби вели ништо немало да ги спречи, а тоа ќе чини дополнителни 100-тици милиони евра затоа што проектот ќе се продолжел за уште две години, заради непроменети закони!

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ по вака потпишан договор има две опции:

Првата, е да се раскине договорот, пред судот во Париз да се изгуби по прифатените закони на Англија и Велс. Тоа ќе чини стотици милиони евра штета, но без квадрат поставен асфалт!

Втората, да се зачува суверенитетот, да се зачува Уставот и законите и автопатот да се заврши во рамки на македонските закони и македонските процедури! Така би се продолжило времето на изградба, но и сумата, заради катастрофалниот договор и обврските преземени од крими владата на ДУИ и помалиот партнер СДС“, додава Стоилковски.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, има план како сето тоа да го надомести.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа