Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Груби манипулира за дивоградба од над160 кватратни метри без одобрение

(Видео) Стоилковски: Груби манипулира за дивоградба од над160 кватратни метри без одобрение

Во Бутел, во Радишани, од Општината е сопрена почната градба на диво за која има основано сомневање дека зад неа стои Артан Груби, а градител е негов братучед, објави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Како што рече, Груби се смета за толку моќен и над законот што може со партиско соопштение да дозволи градба без документи. И ако стане видлив криминалот или нелегалноста, тој смета дека може да се повика на партијата и функцијата и со тоа да остане неказнет.

„Објект над 160 квадратни метри да никне без одобрение и решение од Општината. Никој не е против градба, ниту сопирањето има етничка заднина, ВМРО-ДПМНЕ е против криминалот, а градење без документи е криминал! И тоа го боли Артан Груби! Артан Груби злоупотребува партиски соопштенија и повикува на етнички мотивирани дејства, само затоа што е сопрена дивоградба!

Кога Груби преку партиски соопштенија ја манипулира јавноста дека наводно некој забранува Албанците да градат во општините, притоа злоупотребувајќи го албанскиот етникум за политички цели, Артан Груби мислел на семејната дивоградба, градба за која сè уште нема дозвола!

Сè додека Артан Груби смета дека етничката припадност е професија и е основа за неказнивост, тој нанесува штета и на државата, и на Албанците и на сите во Македонија.

Залудно е тоа што Артан Груби секогаш кога е фатен во тесно се повикува на етничка припадност и се заканува.

Никој веќе не им верува на неговите приказни. По деловниот простор на брат му, по фирмата за баждарење, по продажбата на хотелот на Попова Шапка, по тендерот за надзор вреден 22 милиона евра, сега и дивоградба, станува дел од портфолиото скандали на Груби и редно време е Обвинителството да се позанимава посериозно со овој лик“, рече Стоилковски.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје: Едно лице загина, сообраќајот пренасочен

Паника во автобус кај Велес: Патниците скршиле прозорци за да избегаат по појава на чад

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ