Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Данела Арсовска среде кризи бара 11 милиони денари за пресови и рекламирање

Арсовска со реакција до премиерот: Поради континуирано задоцнетите мерки, сите плаќаме поскапа електрична енергија и парно

Единаесет милиони денари бара Данела Арсовска за прес-конференции и приватна продукција за медиумски активности, објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Како што рече, предлог-програмата е поднесена од Секторот за поддршка на градоначалникот за 2023-та година за активности на Град Скопје.

„ Арсовска бара 11 милиони денари за да периодично истражува приоритети за јавните претпријатија, ама и за Развој на креативен концепт и стратегија за комуникација со граѓаните! За јавните претпријатија како ЈСП кои што тонат во долгови!. Данела Арсовска бара 11 милиони од буџетот за, цитирам „преку копродукција се изработуваат видео и аудио материјали во форма на кратки едукативни и информативни видеа”! Еве што е наведено за овие 11 милиони во оваа предлог програма: организирање на медиумски настани и прес конференции, објавување информации на веб порталот и социјалните мрежи, организирање на важни датуми, активности, Отворен Град 24“, изјави Стоилковски.

Додаде дека во Град Скопје има Сектор за поддршка на градоначалникот со одделение, за односи со јавност и комуникација со граѓаните. Таму има раководител и осум вработени на плата. Арсовски праша зошто за истата работа, би се давало речиси еден милион месечно на приватна продукција или фирма.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема