Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Стаорци низ Дебар маало, откако градот беше затрупан во ѓубре: Ќе нѐ изедат, страшно

(Видео) Стаорци низ Дебар маало, откако градот беше затрупан во ѓубре: Ќе нѐ изедат, страшно
Img 7972

Снимки од староци низ центарот на Скопје се споделуваат на социјалните мрежи. Видеата се направени попладнево, во Дебар маало. Се гледа како стаорците се движат во близина на кантите за отпад. Во позадина се слуша женски глас кој ја коментира појавата. Ова се случува откако изминатите три дена, градот беше затрупан во ѓубре.

dobivaj vesti na viber

„Така е еве ги искочија, супер, таму ти се кантите за ѓубре. Тражевте еве ги стасаа, така треба. Ќе нѐ изедат глувци, страшно“, коментира авторот на видеото.

На вчерашната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека директорката Косана Мазнева била во право кога најавила дека граѓаните на Скопје ќе трпат големи штети и дека ќе се појават стаорци низ улиците откако вработените на ЈП „Комунална хигиена“ одлучија да започнат штрајк и да прекинат со работа.

Денеска градоначалничката Арсовска и директорката на претпријатието истакнаа дека состојбата во „Комунална хигиена“ е нормализирана и продолжено е со редовното собирање на смет.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ